Во третото коло на Отвореното првенство на Австралија, Томаш Бердих го совлада босанскиот тенисер Дамир Џумхур со 3-0 по сетови 6-4, 6-2, 6-2. Дуелот привлече големо внимание, но мечот очекувано беше нерамноправен од почетокот до крајот бидејќи Бердих го покажа својот квалитет во натпревар кој траеше 105 минути.
Флоријан Мајер беше најбрз победник од натпреварите на машкиот турнир на Отвореното првенство на Австралија победувајќи во три сета Јанович со 7-5,6-2,6-2 за само 98. минути.
Мајер во следното коло ќе се сретне со Давид Ферер, кој, исто така, во три сета со 6-2,7-6,6-2 го совлада Жереми Шарди.
Станислас Вавринка на лесен начин доби место во осминафиналето откако Вашек Поспишил му го предаде мечот без борба поради болки во грбот.
Поради дождот кој ги изненади, беа прекинати натпреварите: Томи Робредо со Гаске и Сем Куреј против Фабио Фоњини.
На женскиот турнир, Кербер беше подобра од Американката Риске со 6-3,6-4, додека Пенета ја совлада Бартел од Германија со 6-1,7-5. Тие две сега меѓу себе ќе се сретнат во осминафиналето. Во следната рунда им се приклучи и Серена Вилијамс со победата над Даниела Хантукова, а победи остварија и Екатерина Макарова и Ежени Бушар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.