| четврток, 6 декември 2018 |

Стратешки маркетинг – знаење за повеќе професии

Стратешкиот маркетинг е едно од полињата кое експертите го издвојуваат како најперспективно и најдивергентно во своите ефекти. Причина за тоа е што знаењата стекнати по стратешки маркетинг покрај тоа што нудат технички вештини, уште и ги стимулираат критичките и аналитичките погледи врз темата.

Веќе втора година по ред „Академија за менаџери“ организира викенд предавања за постдипломски студии на повеќе смерови меѓу кои и Стратешки маркетинг.

Покрај прашањата кои произлегуваат од формулацијата на маркетинг стратегијата на меѓународните корпорации, оваа програма ги вклучува и најновите знаења и најдобрата пракса во полето на маркетингот, маркетиншкото планирање, маркетинг стратегиите како и маркетингот на нови производи и услуги.

– На посетителите на програмата овозможено им е да учат од наставен материјал со високи стандарди, а дополнително им се дава можност да научат како брзо, соодветно и прецизно да се справуваат во дадени ситуации. Знаењето што веќе го поседуваат заедно со експертизата на академците, овозможуваат искуство коешто со сигурност го трасира патот во иднината – преку разбирање на конкурентноста, вредноста на одржливоста, разновидноста и идентификацијата на можности, се во функција на етичноста и социјално одговорни чекори – вели Д-р Димитрис Николаидис, директор на оделот за Бизнис администрација и економија, професор на СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.

1

Програмата е дизајнирана така што нуди дискусии на реални случаи, симулации, интерактивна партиципација на учесниците преку разни активности, индивидуално и во групи, кои им овозможуваат на учесниците да бидат самокритични и да ги запознаат своите слаби страни во процесот на преговарање, и да го поттикнат создавањето и подобрувањето на своите вештини.

– Во рамките на постојната литература и пракса, темите како публицитет, односи со јавност, интернационализација на маркетинг активности, адвертајзинг, социјални медиуми, продажна промоција како и комерцијализација на добра и услуги, секогаш се презентирани, пренесени и интерактивно дискутирани од стратешки аспект, што дава дополнителна вредност при секојдневното справување во маркетиншките ситуации – вели Крис Лиасидис, академски директор на Постдипломските студии по Бизнис администрација и економија и професор на СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.

photo 1

Друга предност на оваа програма е тоа што е апликативна на многу професионални профили од областа на маркетингот, односно соодветна е за луѓе со доволно и значително искуство како професионалци и практичари во полето на маркетингот. Комерцијални директори и менаџери, менаџери во адвертајзинг агенции, медиа планери, менаџери и асистенти, маркетинг менаџери, менаџери за продажба, соработници за односи со јавност, регионални бренд менаџери, како и претприемачи, сите тие одговараат на аспирациите на програмата.

Следното викенд предавање во програмата Стратешки маркетинг на Академијата за Менаџери ќе се одржи од 24-26 јануари, со д-р Лесли Т. Самози како професор. За повеќе информации можете да ја посетите нивната веб-страница www.manageracademy.mk

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top