| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“: НСА дневно следела по 200 милиони СМС

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) дневно низ целиот свет следела по околу 200 милиони кратки пораки на мобилните телефони, преку кои дознавала за плановите на луѓето за нивните патувања, контакти и трансакции со кредитните картички, објави британскиот весник „Гардијан“.

Програмата на НСА со кодно име „Дишфаер“ во голема мера собирала сѐ што е можно, наведува весникот повикувајќи се на истражување што го спровел заедно со телевијата „Канал 4“, врз основа на документи што ги обелодени поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, кој во моментов се наоѓа во Русија.

Според „Гардијан“, тие документи, исто така, покажуваат дека британскиот владин штаб за комуникации, односно Службата за електронска шпионажа, ја користела базата со податоци на НСА за да обебзедува информации за комуникациите на луѓето во Обединетото Кралство.

„Гардијан“ потенцира дека од базата на податоци биле извадени или „минимизирани“ информациите за комуникациите на телефони од САД, додека броевите од други земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, биле веќе обезбедени.

Во април 2011 година програмата „Дишфаер“ собирала просечно по 194 милиони СМС, меѓу кои и од лица што не биле осомничени за незаконски активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top