| четврток, 6 декември 2018 |

Начев: Законот за следење на комуникациите отвора простор за можна злоупотреба

Со новиот Закон за комуникации државните безбедносни служби ќе можат да не следат без налог од судија. УБК, финасиското разузнавање и воената тајна служба и царина преку мобилните оператори ќе знаат каде се движите, со кого контактирате преку телефон, преку интернет, на кого испраќате и добивате маилови без наредба од суд и јавен обвинител, рече Александар Нацев во вестите на „Алфа“.

Новиот Закон следење на комуникцаиите и таканаречената мета податоци кои се регулирани во овој закон кој е во собраниска процедура отвора простор службите да вршат злоупотреба, сметаат аналитичарите.

-Само да го цитираме поранешниот директор кој што концидентно беше и директор и на ЦИА а подоцна и на НСА – National Security  Agency  во САД, генералот Мајкал Хајден има дадено една контроверзна изјава кој што вика “Ние убиваме луѓе врз основа на мета податоци“. Значи ја гледате важноста на мета податоците кој што кај нас се истретирани да речам некако многу лабаво и им е дадено овластување на раководителите на овластените органи да си побараат од операторот и да добијат без тука да биде вклучен обвинителот, констатираше безбедносниот аналитичарот Александар Нацев, во вестите во Алфа.

Нацев изјави дека обвинителот се вклучува во приказната многу подоцна односно кога овластените органи треба само да му достават извештај за кои лица побарале мета податоци. Според него тоа не е доволно иако може да е потребна наредба за следење за физичко следење на лица со кое што се откриваат истите податоци, значи со кого лицето комуницира, каде се движи, каде оди, а сега тоа истото го добиваат без судска наредба и на многу поелегантен начин.

Во Законот за следење на комуникациите е предвидено и превентивно следење за кое што не е потреба наредба од суд. Законодавецот превентивното следење го правда со дела против државната безбедност и тероризам. Но имајќи предвид со каква леснотија во Македонија се пишуваат кривични пријави за тероризам Нацев посочува дека и овде е оставен простор за можни злоупотреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top