Кире Лазаров и Борко Ристовски имале договор пред натпреварот со Австрија.
-Јас го исполнив критериумот, но, колку што гледам во статистиката, капитенот не успеа да го стори тоа. Така што, на Кире е сега да ја почести со вечера цела репрезентација“, изјави Ристовски за МКД.мк.
“Препирката“ меѓу Лазаров и Ристовски почна по средбата со Чешка, во која Борко имаше само четири одбрани. Лазаров побара најмалку 15 сопрени удари за да ја совладаме Австрија.
Ристовски потоа „врати“ со иста мера велејќи дека ако Лазаров бара такво нешто од него, тогаш тој ќе треба да постигне минимум 12 гола против Австријците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


