| четврток, 6 декември 2018 |

Во Париз аукција на ретро- автомобили (видео)

_65749300_65749299
Аукција на ретро- автомобили во Париз. Разни автомобили и мотоцикли вклучувајќи и Астон Мартин од 1960 година и Гран при Бугати.

Меѓу ретките возила на продажба е двокрилен авион од оскаровскиот филм „Моја  Африка“.

Меѓу автомобилите е и „ Ferrari Testarossa” на славниот француски актер Ален Делон.
alen delon

Наддавањето се одржува во рамките на Салонот на ретро автомобили меѓу 115 специјални возила, меѓу кои е и еден „Bugatti” кабриолет од 1932 година, соопшти аукциската куќа Artcurial.

Автомобилот на Ален Делон е проценет меѓу 40 и 80 илјади евра. Црвениот „Ferrari Testarossa” има изминато само 19 илјади километри.

„Ален Делон го има од 1989 година и сака некој друг колекционер да го користи и во него да ужива”, тврдат од аукциската куќа.

Меѓу понудените „убавци” на наддавањето  се наоѓаат и неколку автомобили „Bugatti”, францускиот автомобил „Lorraine-Dietrich” од 1927 година, „Voisin” од 1928 година и по неколку „Lamborgini”, „Maserati”, „Bentley” и „Rolls Royce”.

Автомобилите ќе бидат изложени од 6-ти до 10 февруари во Париз, во изложбениот центар Порт ду Версај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top