-Одигравме квалитетен натпревар против селекција која бараше исто така можност за пласман понатаму и победа. Но, на крајот ние бевме подобрите, посреќните, поквалитетните, вели најзаслужниот, заедно со капитенот Лазаров, за нашиот триумф, за порталот „Екипа“.
Ристовски нагласува дека уште пред денешниот дуел сите во нашата селекција биле одлучни да одат до крај на триумф и да не се остави да се чека последниот дуел во групата меѓу Данска и Чешка.
-Не сакавме да оставиме да чекаме што ќе се случи на дуелот меѓу Данска и Чешка затоа одевме на триумф. Во секој случај многу исцрпувачки натпревар, пред се на психолошки план. Мислам дека ова е најдобриот старт на еден голем настан за нашата селекција. Со една победа во следниот круг мислам дека ќе бидеме меѓу најдобрите осум на ЕП во Данска што би било голем успех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


