| четврток, 6 декември 2018 |

Рајан Гослинг: Немав намера да бидам толку популарен

Познатиот глумец Рајан Гослинг изјави дека никогаш немал намера да стане светски популарен глумец.

Рајан Гослинг се прослави во 2004 година со филмот „Белешки“ во кој играше заедно со Рејчел Мекадамс.

Меѓутоа, Рајан тврди дека никогаш не ни сонувал дека ќе биде холивудски глумец.

– Никогаш не размислував дека ќе бидам филмска ѕвезда. Меѓутоа стигнав подалеку од тоа што планирав и тоа е многу добро. Сега работам со режисери со кој јас сакам, а тоа е голем успех. Никогаш не читам што пишуваат луѓето за мене на интернет. За мене тоа е минско поле – изјави Рајан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top