| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Потро „изгоре“ во Мелбурн, Баутиста е херој на четвртиот ден од австралискиот гранслем

Шпанецот Роберто Баутиста Агут е јунакот на четвртиот ден од австралискиот тениски гранслем со сензационална победа од 4-6, 6-3, 5-7, 6-4, 7-5 и елиминација на еден од фаворитите Хуан Мартин дел Потро.

Баутиста ја забележи највредната победа во кариерата, а тоа го стори на големите жештини во Мелбурн, во меч од втората рунда. Подвигот е уште позначаен ако се има предвид дека 62-рангираниот светски тенисер до подвигот стигна, анулирајќи негатива од 1-2 во сетови.

Дел Потро беше рангиран како петти носител на Отвореното првенство на Австралија, тој има и гранслем-титула од ОП на САД, но потклекна неочекувано пред налетите на аутсајдерот од Шпанија. Сензацијата не е мала бидејќи Аргентинецот ја освои титулата на турнирот во Сиднеј што се играше непосредно пред почетокот на ОП на Австралија, па важеше за еден од фаворитите за втор гранслем-трофеј во кариерата.

За Баутиста, кој има 25 години, ова е прва победа во кариерата против тенисер што е рангиран во топ 10 на листата на АТП. Во следната рунда ќе игра против Бењоа Паире, тенисер што со идентични 3-2 ја елиминира големата австралиска надеж Кирјос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top