| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Не сум изненаден од титулата на Федерер, кога е свеж и фит е неверојатен

novak djokovic

Роџер Федерер уште еднаш ни демонстрираше дека е навистина редок пример на успешен спортист и во четвртата деценија во животот, откако по неколкуте големи финалиња кои ги одигра во последните две-три години, стигна до титулата на Австралија Опен на свои 35 години.

Неверојатниот Швајцарец го совлада Рафаел Надал во трилер мечот кој траеше нешто повеќе од четири часа, и со самото тоа стана најстариот тенисер кој успеал да освои еден грен слем турнир во Опен ерата на тенисот.

Популарниот Федекс во текот на денешниот ден беше срдечно пречекан од големите тениски фанови во Швајцарија при пристигнувањето во родната земја, но наспроти тоа, во светската тениска јавност посебно внимание привлече изјавата на Новак Ѓоковиќ кој конечно се одлучи да го прокоментира епското финале во Мелбурн.

– Навистина не сум изненаден што Федерер ја освои титулата, од него очекувате да игра на највисоко можно ниво кога е во врвна форма. Не играше во изминатите шест месеци, но на турнирот во Австралија пристигна свеж и фит. Одигра извонреден тенис и можам само да му честитам, – истакнал Србинот во разговорот со рускиот новинар Дмитри Шаков, a во продолжение дал и став за тоа што значеше дуелот на Федерер и Надал за светскиот тенис.

– Финалето меѓу Федерер и Надал е едно оние кои ќе го одбележат тенисот оваа година. Тоа ривалство е најголемо во тенисот, туку и во спортот воопшто. Надал исто така играше многу добро, и двајцата покажаа зошто се големи шампиони, на теренот, но и надвор од него. Нивната пресметка во финалето беше феноменално за тенисот од било кој аспект да го гледате тоа – заклучил Ноле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top