| четврток, 6 декември 2018 |

Импресивно видео на „Би-би-си“ како најава за Игрите во Сочи (видео)

bbc-sport

Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи почнуваат на 7 февруари, а атмосферата полека се загрева. Така, британскиот „Би-би-си“ вчера го пушти во етер импресивното видео како најава за Игрите.

Спотот изгледа како да е холивудска продукција, а во заднина оди гласот на британскиот актер Чарлс Денкеј, кој игра во „Играта на престолот“. Тој го претставува гласот на природата. Некој ќе рече дека тој е и гласот на Бога кој ги предупредува натпреварувачите дека мора да ги совладаат снежните падини и природата, која многу пати досега била критична за нивните колеги во важни моменти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top