| четврток, 6 декември 2018 |

Младеновски: Бев очевидец, веста за приведувањето е конструкција на СДСМ (Видео)

Mihael Mladenovski (Custom)Јас бев очевидец на тепачка која се случи во сендвичарница во Скопје, додека бев надвор од неа. Како сведок дадов изјава на полицијата. Тоа го искористија активисти на СДСМ кои беа таму за да преку медиуми лиферуваат вест дека јас сум учествувал во тепачка и дека сум приведен од полицијата, вели поранешниот генерален секретар на младината на СДСМ, Михаел Младеновски, кој потоа беше жесток критичар на партијата. Како што Младеновски изјавува за Република ТВ, не е точно и дека е член на Алијансата за позитивна Македонија на Владо Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top