Привлекувањето странски инвестиции е успешна политика на Владата и ефектите кои произлегуваат од неа се позитивни, а допрва ќе се почувствуваат позначајни ефекти, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓорѓиев на прес-конференција посочи дека сите мерки и активности што се реализираат во рамки на привлекувањето странски инвестиции се во согласност со сите законски процедури.
– Во однос на реализацијата на државната помош може да истакнеме дека при секоја ваква постапка задолжително бараме и добиваме мислење од Комисијата за заштита на конкуренција и од сите останати институции во оваа област.
– Што се однесува до придобивките за реализација на инвестиција во ТИРЗ, имаме еднаков пристап и нудиме еднакви можности и кон странските и кон домашните субјекти – истакна Ѓорѓиев.
Во врска со најавата на директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, дека покрај направената ревизија од Државниот завод за ревизија ќе ангажира и друга ревизорска куќа, Ѓорѓиев рече дека секогаш е позитивно поголем број субјекти да направат контрола на една иста работа.
– Тоа е добро во рамки на кој било субјект и во рамки на која било институција, а определените забелешки што ги дава Државниот завод за ревизија од формално правна природа, како и досега, секоја институција ќе ги применува и почитува во натамошното работење – рече Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорѓиев: Скапаа доматите од годинешната реколта, а Заев и Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ
-
Никовски: Трошоците беа стрикно службени, донесов инвестиции од 83 милиони евра
-
Груевски: Декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ја руши конкурентноста на државата
-
Се сомневам дека новата влада воопшто не сака странски инвестиции