Авионскиот сообраќај на скопскиот аеродром „Александар Велики“ околу пладне е нормализиран. Откако се дигна густата магла и се подобри видливоста, беа реализирани слетувањата од Виена и од Дубаи, а полета авионот кон Базел.
Утрово поради маглата беше реализирано само едно полетување за Дортмунд, а откажани беа летовите за Загреб и за Истанбул.
Поради временските услови и густата магла, неколку дена на скопскиот аеродром не се реализираат поголем дел од летовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)