| четврток, 6 декември 2018 |

Пет милиони евра инвестиција во индустриската зона во Тетово

fida-itek500 (1)

Италијанската компанија „Итек“, која произведува композитни материјали, се очекува наскоро да почне со изградба на новиот објект во индустриската зона во Тетово. Оваа инвестиција ќе чини 5 милиони евра и на самиот почеток се очекува да се отворат 150 нови работни места.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р. Македонија, Висар Фида, по потпишување на договорот изјави:

– Ова е прва инвестиција која ќе се реализира во ТИРЗ во Тетово. Оваа компанија ќе реализира инвестиција во зоната во Тетово преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“. Инвестиција е од областа на композитните материјали и ќе чини 5 милиони евра, а со тоа и во првите две години ќе донесе 150 нови вработувања. Самиот објект, кој се надевам ќе почне да се гради многу брзо, ќе биде на површина од 6000 м2 – изјави Фида.

Во оваа прилика, Роберто Оскири, директор на компанијата „Итек“ го изрази своето задоволство за оваа инвестиција.

– Среќен сум што се наоѓам во Македонија во оваа пригода и се надевам дека ќе имаме успех – рече Оскири.

Според најавувањата, првата фаза на оваа инвестиција се очекува да заврши набрзо, додека пласманот е обезбеден за две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top