Македонската ракометна репрезентација денеска од 18.15 часот против Австрија ќе брка победа за пласман во следната фаза за ЕП во Данска.
Српскиот голман Дарко Станиќ по синоќешниот меч со Русија опомена дека Австрија може да биде „мина# за нашиот национален тим, како што беше за Србија во квалификациите кога ја совлада во Виена и претходно ремизираше во Ниш.
– Поради големите обврски, не сум во можност директно да контактирам со своите соиграчи, но ги следев и двете средби на Македонија во групата. Сега ќе играте против Австрија и слободно можам да кажам дека тоа не е воопшто наивен противник, како што мислат многумина. Треба да внимавате, говориме за опасна репрезентација која може да слави преубедливо против секого ако влезе во својот ритам. Говориме за сериозна селекција, но верувам дека ако Македонија одигра одбрана онака како што знае и умее, ако ги неутрализирате нивните бекови, тогаш сте на добар пат да стигнете до победата – рече Станиќ за „Екипа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?