Овој четврток во „Синеплекс“ пристигна одлична комедија. Станува збор за вистински актерски легенди во одлични улоги. „Пресметка на легендите“ ни ги носи наградуваните легенди Силвестер Сталоне и Роберт Де Ниро како стари боксерски ривали кои ги прекинуваат своите пензионерски денови за да го одржат својот последен, завршен меч.
Двајцата локални борачи од Питсбург станаа национално познати поради своето ривалство. Спротивставувајќи се во две борби, секоја од нив резултираше со другиот победник. Годината е 1983, на ред е нивната трета и одлучувачка борба, Рејзор го објавува своето помирување одбивајќи да ја објасни неговата одлука. Триесет години подоцна промотерот Данте Слејт Џуниор, им нуди прилика која нема да можат да ја одбијат: повторно да влезат во рингот и да ги порамнат своите сметки.
За својата улога Де Ниро објаснува: „Не станува збор за втора шанса за типот кој испаднал од игра и се обидува да се врати. Станува збор за тоа да го добиете она што секогаш сте го посакувале, на кое сте чекале со години. Но, со времето ќе видите дека тука постои нешто повеќе од тоа за што претходно сте биле свесни.“ Сталоне додава „Сакам бокс. Вистинската класика лежи во тоа дека сè се сведува на човековата физичка подготвеност и неговата храброст. А, тоа на нив двајца не им е добро усогласено. Ликот на борец секогаш го доживувам како нешто многу повеќе од самите удари. Можете да видите од што е создаден.“
Историската драма режирана од Џон Ли Хенкок, „Како е спасен господинот Бенкс“ ни ја носи приказната за блиската соработка на Волт Дизни со креаторката на „Мери Попинс“, авторката П. Л. Траверс.
Кога ќерките на Волт Дизни го молеле да сними филм базиран на нивната омилена писателка, П.Л. Траверс „Мери Попинс“, тој им дал ветување дека ќе го направи тоа – ветување за кое не би можел ниту да претпостави дека ќе му требаат 20 години за да го исполни. Во својот потфат да добие права, на Волт му се спротивставува мрзоволната, бескомпромисна писателка која немала никаква намера да се одвои од својите сакани, магични дадилки и да и дозволи на холивудската машинерија да ги обликува по своја волја. Но кога ќе опадне продажбата на книгата и кога ќе престанат да пристигнуваат парите, Траверс не сакајќи ќе се согласи да оди во Лос Анџелес за да ги сослуша Дизниевите планови за адаптација.
Том Кленси се враќа на големото платно со иконата на Џек Рајан и со интензивен трилер. Глобалната терористичка мрежа се активира, но и брилијантниот аналитичар на ЦИА (Крис Пајн) мора да се активира. А кому Рајан може да му верува? За време на московската зима, рускиот олигарх подготвува софистициран и суров финсиски терористички акт кој би можел да го уништи САД. Истовремено на Волстрит, ЦИА има нов регрут. Џек Рајан треба да ја превземе својата прва теренска задача која од канцелариската столица ќе го лансира директно во срцето на опасностите, притоа не знаејќи кој му е пријател а кој смртоносен непријател. Единственото нешто во кое може да е сигурен е дека секоја негова одлука може да го промени светот.
Лоренцо Ди Бонавентура, продуцентот познат по серијата на филмови „Трансформерс“, за филмот „Џек Рајан: Повик од сенка“ изјавува: „Сакавме да креираме модерна приказна за Џек Рајан, па затоа имате можност да го видите како студент па се до моментот кога станува регрут на ЦИА и е дел од најшокантните светски случувања. Го гледате развојот на неговиот карактер, како тој развива осет за добро и зло, како се справува со неговите односи и како се справува со прашања кои ќе го стават во опасност. Тој не е супер херој. Но, тој е некој кој во моментите кои бараат од него, одлично се справува со настанот – и секако ни носи многу возбудлива акција во оваа приказна.“
Наменети за најмладите, оваа недела на репертоарот ќе се најдат две анимирани приказни. „Легендата за Сарила 3D“, прв 3D канадски анимиран филм и прв филм чија комплетната продукција е завршена во канадската покраина Квебек. Дејството на филмот се одвива на далечниот Север, есента 1910 година. На младите Инуити кои живеат во привремен логор им се заканува глад. Ситуацијата секојдневно се влошува, поради тоа што ловците постојано, ден за ден се враќаат со празни раце. Шаманот Крулик фрлил магија врз племето со што направил сите животни да исчезнат од ловиштето. Меѓутоа, надежта се крие во легендата за Сарила, раскошната ветена земја помеѓу глечерите. Според легендата, само личност со чисто срце може да зачекори во ветената земја. Тројца млади Инуити тргнуваат во потрага по Сарила, надевајќи се дека ќе го спасат своето племе од глад. Филмот е инспириран од културата на Инуитите (кај нас попознати како Ескими), кои се староседелци на северноамериканскиот континент. Низ текот на вековите, Инуитите имаат развиено митологија и голема традиција кога станува збор за визуелната уметност. Низ филмот имаме можност да се запознаеме со начинот на живот, културата и традицијата на овој народ. На репертоарот ќе се најде и анимираниот филм „Куќата на големиот магионичар големиот магионичар 3D“. Барајќи прибежиште, напуштениот млад мачор Молња, се прикрадува во
таинствениот дворец кој е во сопственост на еден мистериозен магионичар. Магионичарот го прифаќа Молња и малиот мачор веднаш се прилагодува на новата средина. Меѓутоа, кога магионичарот Лоренс ненадејно завршува во болница, неговиот внук ќе проба да го измами и да ја продаде куќата. Тогаш Молња и неговите пријатели ќе ги искористат сите трикови кои ги знаат за да
го заштитат магионичарот и да го спасат својот таинствен дворец од продажба. Режисерот Бен Стасен вели: „Филмот се темели на атракцијата од пред 10 години, 12 минутниот филм „Проколната куќа“. По филмовите „Авантурите на Семи“ и „Семи 2“ трагавме по
идеи за долгометражен филм и веднаш ни падна на памет дека овој краткометражен филм е доста атрактивен и дека можеме да го претвориме во вистинска приказна.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.