| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео)Тинејџерот Кокинакис: Рафа играш против мене, дали си нервозен?

Австралискиот тинејџер со грчко потекло, Танаси Кокинакис, имаше интересна увертира пред дуелот со Рафаел Надал и во улога на новинар го интервјуираше шпанскиот ас.

– Рафа двајцата го минавме првото коло и сега ќе играме еден против друг. Дали си нервозен? – запраша Кокинакис, предизвикувајќи смеа кај присутните во салата за прес-конференции.

Надал се збуни за момент, а потоа одговори дека секогаш е нервозен пред настапите на тениските турнири.

Нервозата, сепак, брзо мина кај еден од најдобрите тенисери на сите времиња, па лесно и убедливо со 6-2, 6-4, 6-2 го елиминира Кокинакис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top