Асиф Кан, дизјанерот кој на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лоднон 2012 година го осмисли интерактивниот павилјон на „Кока-Кола“ во кој посетителите со удирање создаваа необичен звук, за претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Сочи кои почнуваат на 7 февруари, смисли нешто подобро.
Инсталацијата која ја направил оваа година за павилјонот на телекомуникацискиот оператор „Мегафон“, навистина е импресивна. Надворешниот ѕид на павилјонот ќе се менува и ќе ги претвора во тродимензионлни форми ликовите на посетителите.
Секој што ќе влезе во павилјонот прво ќе го скенира своето лице од различни агли и за неколку минути ќе се направи 3Д приказ на неговото лице. Потоа, тие прикази ќе се пратат во еден систем кој ликовите ќе ги преработи на надворешниот ѕид на павилјнот со помош на 10 илјади шипки со ЛЕД лампи кои ќе бидат прикриени со бела ткаенина која како мембрана ќе ја прави кожата на лицето.
Дизајнерите очекуваат дека ќе има голем метеж за влез во павилјнот. Затоа смислиле и цел систем како да се избегнат турканиците.
Се претпоставува дека во текот на ЗОИ и Параолимпските игри ќе има преку 170 илјади посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)