| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот секретар на младината на СДСМ демантира дека е уапсен

mladenovski500

Поранешниот секретар на младината на СДСМ Михаил Младеновски ја демантира информацијата која вечерва ја објави А1он, дека бил уапсен по тепачка. Тој за Курир вели дека станува збор за лажна информација.

– Не сум лишен од слобода, ниту сум бил учесник во било какви криминални активности. Барам медиумите кои ја лиферуваа информацијата дека сум уапсен да ми се извинат во рок од 24 часа во спротивно против сите нив ќе поднесам тужба за клевета и нарушување на угледот и честа, вели Младеновски за Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top