Кристијано Роналдо на најубав можен начин со погодок против Осасуна го прослави вредното признание, најдобар фудбалер на Европа за 2013 година. Во првиот меч по добивањето на „Златната топка“ португалскиот ас постигна гол во Памплона во реванш дуелот од шпанскиот куп.
Реал повторно триумфираше со 2-0, како и на првиот меч во Мадрид, рутински обезбеди пласман во четвртфиналето, а Роналдо со гол во 21. минута го отвори резултатот. Малку со несмасна интервенција му помогна и голманот на домаќините Фернандез. Анхел Ди Марија по неполн час игра ја затресе мрежата на домаќините, за заверка на новиот триумф против Осасуна. Роналдо беше заменет по 62 минути игра, а место него влезе Герет Бејл.
Понатаму по реваншите играни вечерва се пласираа и Еспањол, Атлетик Билбао и Леванте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



