Писателката и преведувачка од Русија, која живее и работи во Скопје, Олга Панкина е добитничка на годинашната награда „Гоцева мисла“.
Одлуката денеска ја донесе жири – комисијата во состав-проф. д-р Златко Крамариќ, претседател и проф. д-р Александар Прокопиев и доц. д-р Христо Петрески, членови.
Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ ја доделува наградата. Наградата се доделува според знаменитата мисла на Гоце Делчев – за културен натпревар меѓу народите, односно за севкупниот ангажман и придонес на Олга Панкина на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура
во странство, посебно со нејзините бројни преводи и книги на руски јазик.
Наградата на добитничката Олга Панкина ќе и биде врачена на 4 февруари 2014 година, роденденот на Гоце Делчев, во Културниот центар „Феникс“, со почеток во 11 часот. Тогаш ќе почне и традиционалната манифестација „Фестивалот на чајот и читањето“, кој ќе се одржува до 8 март годинава.
Минатата година прв добитник на „Гоцева мисла“ беше Златко Крамариќ, актуелен амбасадор на Хрватска во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



