Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ги обвини САД дека во синоќешен воздушен напад во централен Авганистан усмртиле седум деца и една жена.
Карзаи нагласи дека жртвите загинале синоќа во американски воздушен напад во областа Сијахрид, во провинцијата Парван.
– Авганистанската Влада со години бара целосно прекинување на операциите во авганистанските села, но американските сили, наспроти сите договори и гаранции, уште еднаш извршија бомбардирање на населена област и убија цивили – истакна Карзаи.
Меѓународните НАТО сили во Авганистан соопштија дека има информации дека најмалку двајца цивили ненамерно се убиени кога авганистански и коалициски сили побарале воздушна поддршка поради непријателски напад.
Односите меѓу Вашингтон и Кабул изминатите неколку години се колебливи, а кон крајот на минатата година Карзаи донесе изненадувачка одлука да не го потпише билатералниот безбедносен договор со САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


