Францускиот актер Жерар Депардје основа своја авиокомпанија во која има само еден авион од бизнис класата, кој е во негова лична сопственост.
Актерот ја нарече авиокомпанијата „Сиран ер“ (Cyran R) во чест на францускиот поет Сирано де Бержерак, кого го глумеше во истоимениот филм.
Депардје планира да го изнајмува авионот секогаш кога нема да го користи за свои потреби. Авионот ќе биде сместен на аеродромот во францускиот град Лил, во непосредна близина на белгиската општина Естапмиу, каде во селото Нешен, Депардје има куќа.
Токму на таа адреса тој и ја регистрирал својата авиокомпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


