Кирил Лазаров постигна 12 погодоци против Чешка, што засега во неполни две рунди на ракометниот шампионат во Данска е недостижна цел за конкурентите. Капитенот на Македонија беше расположен за игра и, како мал куриозитет, даде точно половина од головите на нашиот состав, во ремито 24-24 со Чесите.
Лазаров ја брани титулата најдобра стрелец од минатото ЕП во Србија кога беше на врвот со 61 погодок. Во досегашните мечеви во Данска на овој турнир, најблиску до рекордните 12 гола на Кирил е австрискиот репрезентативец Виктор Шилаѓи со 9 погодоци, интересно, против истиот противник, Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


