| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер, сепак, нема да го разбудат од кома

Поминаа повеќе од две недели од кобната несреќа, а Михаил Шумахер и натаму е во кома.

Иако во изминатите денови се појавија информации дека Михаил Шумахер би можел да биде разбуден од кома, од тоа нема да биде ништо. Лекарите сѐ уште официјално не излегоа со нови информации, а тоа значи дека се држат до ветеното, односно дека нема да зборуваат додека состојбата не се промени.

Шумахер моментално се наоѓа во вештачка кома. Не е критично, но животот му е загрозен поради излевањето на крв во мозокот. Германските и француските медиуми дојдоа до информации дека лекарите го бараат местото на мозокот кое претрпело најмногу оштетувања, а будењето од кома сѐ уште е преопасно.

Според некои, за тоа да се случи, би можело да поминат и неколку месеци додека притисокот на мозокот не се намали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top