| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ сака да ја сокрие новата афера на Заев

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сака да го покрие лидерот на партијата Зоран Заев од нова афера поврзана со делење на општински пари на здруженија и активисти блиски до партијата. Токму поради ова, СДСМ последниве денови се обидува преку манипулации да го оттргне вниманието за она што се случува во Општина Струмица, која финансира членови и активисти кои се претставуваат како земјоделци, пишува Курир.

Претседателот на Комисијата за земјоделство при Извршниот одбор на СДСМ Струмица и активист на најголемата опзоициска партија од Струмица кој често ја критикува политиката која во земјоделството ја води актуелнта влада, преку невладини организации добивале пари од Општина Струмица.

Општина Струмица според програмата Г1 за финансиска подршка на здруженија, финасира здруженија на нејзини членови и активисти кои се претставуваат како земјоделци.

Во програма Г1 за подршка на локалниот економски развој на Општина Струмица во 2012 година може да се види дека финансиска подршка од општина Струмица имат добиено здружението Сојуз-Синдикат на земјоделските производители Струмица, Здружение Агро-струмешница – село Дабиле – Струмица, Здружение Агро Баница – село Баница – Струмица, Здружение Агрокооперација – село Муртино – Струмица.

tekovna500

 

Здруженијата Агро-струмешница – село Дабиле – Струмица, Агро Баница – село Баница – Струмица, Агрокооперација – село Муртино – Струмица го сочинуваат здружението Сојуз-Синдикат на земјоделските производители Струмица.

Здружението Сојуз-Синдикат на земјоделските производители Струмица во 2012 и 2013 имаат добиено по 120.000 денари (240.000 денари вкупно) од Општина Струмица. Овластен застапник (според тековна состојба од Центарален регистар) наздружението Сојуз-Синдикат на земјоделските производители Струмица e Ристо Велков од с.Василево

Ристо Велков во јавноста е познат како критикувач на политиките кои Владата ги води во сферата на земјоделитоВелков на 16-то ноември 2012 година се појавува на надзорна расправа на тема „надзор на распределбата на земјоделските субвенции“ И сведочи во корист на СДСМ.

velkov500

Ристо Велков  беше и говорник за време на Отпорот на СДСМ во месец јануари 2013 во Струмица. Токму Велков, кој добивал пари од општината со која раководи Заев и говорел на митинзи на најголемата опозициска партија, во месец декември 2013 година зборува за лажно претставување на земјоделците, пишува Курир.


И Претседателот на Комисијата за земјоделство при ИО на СДСМ Струмица добивал пари од општината

Покрај Здружението Сојуз-Синдикат на земјоделските производители Струмица чиј застапник е Велков, општински пари добивало и Здружението Агро Баница – село Баница – Струмица, чиј основач и застапник е Горги Ѓоргиев. Ѓоргиев, кој е претседателот на Комисијата за земјоделство при ИО на СДСМ Струмица е  и основач и на Сојуз-Синдикат на земјоделските производители- Струмица.

agrobanica500

Здружението Агро Баница – село Баница – Струмицаво 2012 од општина Струмица добива финансиска подршка од 30.000 денари

Агро Баница – село Баница – Струмица е дел од коалицијата Сојуз-Синдикат на земјоделските производители Струмица на Ристов Велков, со кој во 2012 и 2013 имаат добиено по 120.000 денари (240.000 денари вкупно) од Општина Струмица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top