Четириесетгодишниот тетовец М.Н. остана без автомобилот „Мерцедес“ откако синоќа непознато лице го запалило.
Инцидентот се случил во 1:30 на улицата „Иво Лола Рибар“ кога непознатиот сторител најпрво скршил едно од стаклата на автомобилот, по што истурил запалива течност и го запалил.
Од полицијата информираат дека е извршен увид и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


