| четврток, 6 декември 2018 |

Зимскиот фестивал на книгата во „Три“ од денеска со акција „Попуст на попуст“

Од денеска во книжарницата „Три“ во ГТЦ започнува акцијата „Попуст на попуст“. Членовите на Клубот на читатели, може да ги искористат последните денови од Зимскиот фестивал на книгата за да ги набават книгите од продукцијата на „Три“ по уште подостапни цени.

Зимскиот фестивал на книгата, почна на 20 декември и претставува книжевен настан кој секоја година носи богата книжевна понуда на нови изданија, промотивни настани и големи попусти на огромниот избор книги што „Три“ ги има во својата понуда. Целта на Фестивалот е истакнување на значењето на книгата како подарок кој носи вистинска вредност, кој поврзува и создава трајни спомени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top