Специјалниот истражен тим на Европската унија, со кој раководи обвинителот Клинт Вилијамсон ја заврши истрагата за трговија со човечки органи на Косово, а обвинението ќе опфати повеќе поранешни команданти на Ослободителна војска на Косово, пишува приштинскиот весник „Експрес“.
Според весникот, покренувањето на обвинението се очекува во првата половина на годината, а со него ќе бидат опфатени поранешните членови на главниот штаб на ОВК и поранешната командна зона на ОВК.
Весникот потсетува дека специјалниот тим истрагата за трговија со органи на Косово ја почнал во септември 2011 година, додавајќи дека сега ја завршил работата, а Вилијамсон го завршил пишувањето на извештајот, врз основа на кој има доволно елементи за покренување на обвинение.
„Експрес“ додава дека Вилијамсон нема да биде обвинител во овој случај, бидејќи неговата задача била само да го заврши извештајот за истрагата.
Весникот додава дека и по истрагата останува прашањето каде исчезнале телата на киднапираните Срби, а не дали од нив се земани органи.
Истражниот тим на ЕУ е формиран во 2011 година со цел да спроведе независна истрага за тврдењата на известувачот на Советот на Европа Дик Марти за трговијата со човечки органи на Косово за време на конфликтот пред 15 години.
Во декември 2010-та година Комитет на Парламентарното собрание на СЕ го усвои извештајот на Марти, во кој се наведува дека Србите, кои биле киднапирани на Косово, завршувале во кампови во Албанија, во „жолтата куќа“, каде им се вадени органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации