Состојбата на Михаел Шумахер е и понатаму критична, па поради тоа денеска му била извршена нова операција, со цел француските лекари да ги утврдат оштетувањата на неговиот мозок.
Лекарите стравуваат дека е возможно да се појават непредвидени компликации, како што е појавата на инфекција, па сакале да видат кои делови се оштетени, а кои се уште функционираат, велат болничките извори.
– Лекарите сакаат да видат кои делови се оштетени, а кои делови сè уште функционираат – велат болнички извори.
– Не знаеме кога следен пат ќе може да излеземе со официјални податоци, но возможно е да поминат недели, па дури и месеци.
После првата операција, медицинските лица задолжени за состојбата на Шумахер изјавија дека ситуацијата е сериозна и дека не можат да кажат ништо за неговата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.