| четврток, 6 декември 2018 |

Романски хакери украле банкарски податoци на 110 милиони Американци

Романски хакери се осомничени дека украле банкарски податоци од 110 милиони Американци, клиенти на синџирот маркети „Таргет“, објави весникот „Ју Ес Еј Тудеј“.

Хакерите извршиле упад во системот на наплатни апарати на американскиот синџир продавници на 27 ноември, ден пред Денот на независноста, и украле податоци од картичките на 110 милиони клиенти. „Таргет“ потврди, дека хакерскиот напад е извршен во еден од најфреквентните периоди во годината.

Групата имала пристап до банкарските податоци до 15 декември. Првично се верувало дека биле украдени податоците на околу 40 милиони клинети, но постепено овој број достигнал 110 милиони лица.

Весникот наведува дека според компаниите за информатичка безбедност кражбата е дело на хакери од Источна Европа, каде Романија е важен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top