| четврток, 6 декември 2018 |

Јоновски: Треба да се сопрат чешките бекови

Ракометарот на Мералург Аце Јоновски кој важи за еден од столбовите на кои се темели одбраната на македонската репрезентација, на Европското првенство во Данска има нова улога, во нападот.

Полека се навикнувам на игра во двата правци, иако не е лесно. Кога се заморувам барам да бидам заменет, бидејќи треба да се издржи многу трчање. Знаеме дека Чешка потфрли на мечот против Австрија, но знаеме и дека нивните бекови се нивниот најсилен адут. Главна задача ќе ни биде да ги спречиме Јиха и Хорак, кои се навистина опасни, и затоа товарот на денешната средба ќе падне врз централниот дел на нашата одбраната, но ние сме подготвени за мечот и едвај чекаме тој да почне.

– Се повторува ситуацијата како на Европското првенство во Србија. Натпреварот со Чешка е исто така важен како што беше важен и нашиот дуел во Ниш. Предуслов денеска да забележиме победа е добрата одбрана, а секако и голманите ќе треба да понесат голема одговорност, изјави Јоноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top