Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, му се извини на министерот за здравство Никола Тодоров за невистините кои ги изнесе вчера на прес конференција кога изјавивте дека: „Девет дена откако е распишан милионскиот тендер од страна на Министерството за здравство, Ивона Талевска се повлекува од фирмата и му ги дава акциите на малцинскиот партнер, Марко Петровиќ. Тендерот е распишан на 11 декември 2012 година, а Ивона Талевска се повлекува на 20 декември 2012 година. ВИСАРИС МКД ДООЕЛ Скопје конкурира на тендерот и за 4 месеци го добива милионскиот бизнис од Никола Тодоров“.
– Се извинуваме што направивме ненамерен превид во однос на годината, иако тоа не ја менува суштината на овој скандал. Само за тој дел, за временскиот период, односно, околу годината кога Ивона Талевска се повлекува од фирмата, се извинуваме и се повлекуваме, изјави Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.