Владата излезе во пресрет на стечајците кои не беа опфатени со законот од 2008 година, кога беше решен проблемот со најголемиот дел од работниците од доминантно државните компании кои заради стечај останаа без работа.
Владата ги задолжила министерствата за економија, за труд и социјална политика, како и Агенцијата за вработување, во рок од 10 дена да изготват законско решение за проблемот на работниците кои останале технолошки вишок од компании кои биле во доминантна државна сопственост. Всушност, како што објасни премиерот Никола Груевски, се работи на дополнување на Законот за стечајците од 2008 година, со тоа што ќе се зголеми годишната граница. Наместо до 2004 година, границата ќе биде 31.12.2013 година. Во тој период дел од стечајните постапки не биле завршени, а се смета дека со новата граница ќе се направи пресек со кој не би се повторило да останат обесправени дел од работниците кои останале без работа. Со овие измени ќе се решат проблемите на нови 3000 невработени лица, а за нив ќе важат истите услови како и за оние кои беа опфатени со претходното законско решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.