| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на протестот на опозицијата

За време на денешниот протест на опозицијата во една од трите колони која што тргна од општината Карпош се случил инцидент кога  колоната поминала покрај штабот на кандидатоt на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Kарпош,  пренесува телевизијата Телма.

Според Телма од штабот во тој момент истрчало едно лице и започнало во автомобилите  на протестот да ја фрла партиска програма и да ги навредува.

Инцидентот го спречил  Есад Рахиќ заедно  со дел од учесниците на протестниот автомобилски караван кои го  отстраниле граѓанинот пред да се случи поголем инцидент. Приврзаници на ВМРО ДПМНЕ самите отстраниле од булеварот постар нивен симпатизер кој исто така употребувал непристојни гестикулации, пренесува телевизијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top