| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво за убиените момчиња кај Смилковци – „Чао дечки“ беа последните нивни зборови

Продолжи судскиот процес а масакрот кај Смилковското езеро. Рибарите кои биле последните кои ги виделе младите момчиња пред да бидат убиени си ја отворија душата во судницата и раскажаа што се случило. Како што јавува Нова Македонија, рибарите велат дека „Чао, дечки“ биле последните зборови на момчињата кои тие ги слушнале.

– „Чао, дечки“ беа последните зборови на момчињата што ги слушнавме ние. Потоа со бел автомобил заминаа. Беа на два метри од нас, ловеа риби и дојдоа да поразговараме за да им дадеме црви. Потоа повеќе не ги видовме, велат рибарите, и додаваат дека кога се разделиле со момчињата било пред зајдисонце, а потоа тие не се сретнале со никого.

Сведочењето на рибарите го слушаа роднините на убиените. Причина за повторното сослушување на сведоците беше повторување на судската постапка поради новообвинетиот Сами Љута, кој, според обвинението, заедно со уште неколку лица чиј идентитет не е познат, шетал кај Смиљковско Езеро и собирал податоци колку лица и од која националност се движат во тој реон, пренесува Нова Македонија.

– Не се точни наводите во обвинителниот акт и немаат врска со мене. Јас не знам зошто сум овде. На денот на убиството се сеќавам оти вечерта играв „кантер страјк“, а сабајлето работев на фасада – изјави Љута.

Шестмина се обвинети за тероризам поради петкратното убиство кај Смиљковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година. Ладнокрвно беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top