Месното население на с. Сопиште денес излезе на протест пред Соборниот храм во Скопје, против како што велат свештените великодостојници кои не водат никаква сметка за нивниот народ и го гледаат само сопствениот интерес.
Имено, жителите на Сопиште со донесувањето на Законот за денационализација во 2007 година, одлучиле да поведат постапка за денационализација на имотот на МПЦ, Скопска православна Епархија, црква Св. Мина во с. Сопиште. За таа цел формирале Иницијативен одбор кој заедно со месната заедница ќе се грижи за спроведување на постапката за денационализација. Притоа, МПЦ била запознаена со сите активности кои ги превземал Иницијативниот одбор, велат од таму.
После долгогодишно работење, црковниот имот на МПЦ Скопска православна Епархија бил вратен во вид на обврзници и имот во земјиште кој биле запишани во Централниот регистар и Катастарот за недвижности на име МПЦ Скопска православна Епархија црква Св. Мина, с.Сопиште.
Меѓутоа, револтираните жители на Сопиште велат дека иако вратениот имот се однесувал на црквата Св. Мина, одговорните лица во МПЦ-Скопска православна Епархија располагале со обврзниците и истите ги продале на берза и ги зеле парите, без притоа да ги известат претставниците на Иницијативниот одбор и на црковниот одбор на црквата Св. Мина во Сопиште.
Поради тоа ти постојано правеле обиди да се сретнат и разговараат кај надлежните во МПЦ Скопска епархија и поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, но секогаш наидувале на затворени врати и затоа денес излегуваат на мирен протест со цел да добијат ги добијат потребните објаснувања што се случило со обврзниците на црковниот имот на црква Св. Мина.
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




