| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал ја спаси честа на гостите

Арсенал ја спаси честа на гостите и единствен славеше против домашна екипа во денешните мечеви од 26. коло во Премиерлигата.

Клубот од Лондон со 1-0 го победи Сандерленд со голот на Санти Казорла. И Фулам остана непоразен на гостувањето кај Норич, но носи само еден бод во Лондон по ремито без голови.

Останатите екипи што играа на свој терен беа успешни. Рафаел Бенитес избегна отказ, откако Челси го победи Виган со 4-1. Рамиреш, Азар, Лампард и Марин беа стрелци за „сините“, а Мелони го даде почесниот гол за гостите.

Стоук со 2-1 го надигра Рединг, Свонси беше уверлив против Квинс парк ренџерс и победи со 4-1, а во премиерниот натпревар Тотенхем со 2-1 го победи Њукасл. Извонредниот велпки репрезентативец Герет Бејл погоди двапати, а за Њукасл прецизен беше Гуфран, играч кој подоцна во текот на натпреварот беше потешко повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top