Канадскиот тенисер Франк Данчевиќ и едно дете кое собира топчиња се онесвестија во вторникот поради високата температура во Мелбурн за време на натпреварите од првото коло од Отвореното првенство на Австралија.
Во Мелбурн во текот на денот температурата стигна до 41 степен, а многу тенисери се пожалија на неподносливите услови за игра.
Данчевиќ за време на натпреварот со Бен Пјер од Франција се онесвести, но по лекарската помош тој продолжи да игра. По два часа и 12 минути игра на непокриен терен, го загуби мечот со 3-0.
На натпреварот меѓу Милош Раониќ и Шпанецот Даниел Химено Тревер, исто така, игран на непокриен терен, се онесвести момче кое ги собира топчињата. Прв што му помогнал бил Шпанецот, а потоа лекарите му укажале помош.
Сепак, ова не беа единствените натпревари каде што топлината си го направи своето. Џон Иснер е најголемата ѕвезда меѓу оние кои се откажаа од натамошното натпреварување. Исто така, чешкиот ветеран Радек Степанек му ја препушти можноста на Блаж Кавчиќ да игра со Роже Федерер. Ристер по три одиграни сета му го предаде мечот на Белучи. Шпанецот Рафаел Надал ќе влезе свеж во второто коло откако по само еден одигран сет, Томиќ му го предаде натпреварот.
А, прва откажувањата ги почна Словенката Полона Херцог откако одигра само еден гем против Ализ Корне. Се откажаа и Германецот Ристер пред Белучи, а воопшто не се одиграа дуелите Кохшрајбер – Беден и Хемптон – Чепелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


