| четврток, 6 декември 2018 |

Кармело за ренесанса на Њујорк никс

Karmelo

По едно продолжение кошаркарите на Њујорк успеаа да ја запишат петтата победа по ред против тимот на Феникс од 98-96. Со враќањето на Кармело Ентони по повредата тимот од „големото јаболко“ не знае за пораз. Тој вчера запиша нови 29 поени.
Агонијата на Бостон продолжува. Тие беа поразени од Хјустон на домашен паркет со 92-104. Ова беше деветтиот пораз по ред на Бостон. Двајт Хауард беше феноменален со 32 поена и 11 скока, додека Харден и Лин постигнаа по 16 коша. Кај празените најефикасен беше Ејвори Бредли со 24 поени.
Нова победа на Сан Антонио. Триото Паркер, Данкан, Џинобили даде 61 поен и беше неможно пеликаните од Њу Орлеанс да стигнат до победа запишуваќи го 22 пораз (95-101).

Резултати:
Торонто – Милвоки 116-94, Бостон – Хјустон 92-104, Њујорк – Феникс 98-96, Њу Орлеанс – Сан Антонио 95-101, Чикаго – Вашингтон 88-102, Далас – Орландо 107-88, Јута – Денвер 118-103.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top