| четврток, 6 декември 2018 |

Сепи го надигра Хјуит и ја расплака Австралија

Италијанскиот тенисер Андреас Сепи го елиминира домашниот адут Лејтон Хјуит во првата рунда на Австралија опен и ги расплака Австралијците кои долго време чекаат трофеј од домашен претставник на првиот гранслем во годината.

Во вистински маратон од 5 сета, Сепи не потклекна под притисокот на одличниот ветеран Хјуит и од публиката која громогласно го бодреше 32-годишниот миленик во Мелбурн.

Австралијците чекаат титула од 1978 година, кога за последен пат Крис О`Нил во женска конкуренција го освои турнирот. Две сезони претходно Марк Едмондсон како домашен претставник се закити со трофејот во машка конкуренција, што значи дека долго, над 35 години се чека пехар од австралиските тенисери на терените во Мелбурн.

Во останатите мечеви мини-изненадување направи Рибарикова со елиминација на Андреа Петковиќ, а лесно понатаму минаа фаворитите Федерер, Дел Потро, Мареј, Цонга, Раониќ, Димитров и Вердаско во машка конкуренција и Радванска, Јанковиќ и Вознијачки кај дамите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top