| четврток, 6 декември 2018 |

Интер киксна против Киево

Фудбалерите на Интер одиграа нерешено со екипата на Киево со резултат 1-1 во последниот натпревар од 19 коло во италијанската Серија А.

Двата гола беа постигнати во првите 12 минути. Палоски во осмата минута им донесе предност на гостите, а четири минути подоцна Нагатомо со асистенција од Рики Алварез ги постави конечните 1-1. Интер моментално се наоѓа на петтата позиција со 32 бода, додека пак Киево е 16. со 17 бода. 

Во натпреварот кој се одигра од 19 часот, фудбалерите на Сампдорија предводени од Синиша Михајловиќ ја декласираа екипата на Удинезе со резултат од 3-0.

Двоен стрелец за тимот од Џенова беше Едер во 16. и 47. минута, додека пак конечните 3-0 ги постави Гастадело во самиот финиш од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top