
Затворениците во Холандија можно е наскоро да плаќаат за своето сместување во затворските ќелии. Ова го предвидува новиот нацрт закон кој ќе стапи на сила доколку го одобри холандскиот парламент.
– Заменик министерот за правда Фред Тевен смета дека осудените зтвореници делумно мораат да плаќаат за сместувањето во ќелиите. Според неговото мислење, чесно е сите трошоци за издржувањето да не бидат на трошок на државата и општеството, изјави портпаролот на министерството за правда Вибе Алкем.
Тој истакнал дека дневните трошоци на Холандија по затвореник изнесуваат 250 евра. Ако биде усвоен нацрт законот во двата парламентарни дома, од 1 јануари 2015 година осудениците ќе мораат во рок од две години да плаќаат кирија по 16 евра на ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Штеф Блок до Никола Димитров: Политиката на Холандија е строга, но фер!
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Полицијата во Холандија заплени повеќе од еден тон кокаин


