| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал ја победи Астон Вила и се врати на врвот во Премиер лигата (видео)

Со блиц-криг во германски стил и два гола за две минути Арсенал ја забележа петнаесеттата победа во Премиер лигата и се врати на врвот со 48 бода. Во Бирмингем, Астон Вила не успеа да го сопре триумфалниот поход на популарните „топчиии“ од Лондон кои славеа со 2-1.

Џек Вилшер го отвори резултатот во 34 минута, а само 60 секунди подоцна и Оливие Жиру беше прецизен за сигурна предност на Арсенал во последниот меч од 21. коло во англиското првенство. Домаќините успеаја да намалат на 1-2 со голот на Бентеке во 76 минута, потоа и притиснаа за да израмнат во финишот, не не го најдоа по вторпат патот до мрежата на Шчесни.


Aston Villa 1 – 2 Arsenal (13… by soccerlustcom

Арсенал со 48 бода повторно е на врвот, пред Манчестер сити со еден бод повеќе и два предност пред Челси. Ливерпул има 42 бода на четвртата позиција, зад нив е Евертон со 41 бод, потоа и Тотенхем со 40, а кругот на кандидатите за титулата го затвара Манчестер јунајтед со 37 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top