СДСМ, свесно или не, на јавноста ѝ прикажа лажна информација според која фирмата „Висарис“ ја сменила сопственоста 9 дена откако е распишан јавниот оглас и преминала во сопственост на извесен Марко Петровиќ.
СДСМ на последната прес- конференција изнесе неточни информации во јавноста, пишува Нетпрес. Имено, Марко Петровиќ бил сопственик на фирмата „ВИСАРИС МКД Дооел“ една година пред да биде распишан тендерот за набавка на медицинска опрема и како единствен сопственик учествувал на истиот. Во време пред да биде распишан тендерот и додека траела тендерската постапка, името на Ивона Талевска или нејзината мајка не фигурирало ниту како сопственик ниту како косопственик на оваа фирма.
СДСМ, свесно или не, на јавноста ѝ прикажа лажна информација според која фирмата „Висарис“ ја сменила сопственоста 9 дена откако е распишан јавниот оглас и преминала во сопственост на извесен Марко Петровиќ од Белград, Србија.
Вистината е дека оваа фирма била во сопственост на Петровиќ цела година. Имено, наместо на 20.12.2012 , како што невистинито говорат од СДСМ, сопственичката структура се менува на 20.12.2011 година кога Петровиќ станува сопственик на фирмата „Висарис МКД Дооел“, а тендерот се распишува речиси една година подоцна, односно на 11 декември 2012 година.
Тоа значи дека исписот на сопственоста не е девет дена по распишувањето на тендерот, туку една година пред тоа. Ова го потврдуваат и документите кои беа објавени во јавноста.
Очигледно, СДСМ по секоја цена се обидува да напаѓа само за да се ублажи скандалот во СДСМ кој изби изминатиот период, дека Зоран Заев им доделувал тендери на своите братучеди, на својот татко, стрина, чичко и слично, додава порталот „Нетпрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!