| четврток, 6 декември 2018 |

Француско – Грчка средба за европските приоритети, за проширувањето без детали

venizelos_megaroМинистрите Лоран Фабиус и Евангелос Венизелос веднаш по средбата во Кеј Д’Орсеј изјавија дека биле разгледани приоритетните прашања за грчкото претседавње со Унијата, како економскиот развој, борбата против невработеноста, банкарската унија и продлабочувањето на економската и монетарната унија, пренесе МИА од Париз.
Според двајцата министри, во разговорите биле опфатени и поморската и миграциската политика, билатерланите прашања и ситуацијата во Сирија.
Од француското министерство за надворешни работи беше речено дека се зборувало и за проширувањето, но без притоа да се навлезе во детали.
Имено, официјална Атина во еден момент покажа извесна иритираност од однесувањето на францускиот амбасадор во Обединетите нации во однос на Македонија. А и Претседателот на Франција, Франсоа Оланд на самитот во Брдо во Словенија оцени дека ситуацијата со евроатлантската интеграцијата на Македонија не може да продолжи вака, ветувајќи негов личен ангажман. Но, како што добивме објаснување од високи дипломатски извори во Париз, тоа не значи дека тој ќе ја преземе улогата на посредник. Дали се зборувало на оваа тема не успеавме да дознаеме.
Грчкиот вицепремиер и шеф на димпломатијата Евангелос Венизелос ќе разговара со неговиот колега по партиска линија, првиот секретар на францускисте социјалисти Харлем Дезир, а потоа ќе има состанок со Комисијата за надворешни работи и одбрана на Францускиот сенат, каде ќе ги претстави приоритетите на грчкото претседавње со Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top