| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер во светот за 2013 година

cristiano-ronaldo-football-ballon-d-or-2710601dnzeh_2038Кристијано Роналдо е избран за најдобар фудбалер во светот за 2013 година. Во изборот на светската фудбалска федерација (ФИФА) и магазинот „Франс фудбал“, Португалецот кој настапува за Реал Мадрид доби најмногу гласови и заврши пред Лионел Меси и Франк Рибери. За Роналдо ова е второ признание за најдобар играч на планетата, повторувајќи го успехот од 2008 година, кога првпат беше најдобар. Со оваа награда, Роналдо конечно ја прекина доминацијата на Меси, кој беше најдобар во светот во претходните четири избори.640x360_messi_4_pilotes_V2.v1357586434

За најдобра во женска конкуренција е избрана германската голманка Надин Ангерер, пред Бразилката Марта и Американката Аби Вамбах. Најдобар тренер е Јуп Хајнкес од Баерн Минхен, кој наградата ја доби пред сер Алекс Фергусон од Манчестер јунајтед и Јирген Клоп од Борусија Дортмунд. За најдобар гол во 2013 година е прогласен погодокот на Златан Ибрахимовиќ. На пријателскиот меч против Англија, голгетерот на Шведска погоди со „ножички“ од преку 30 метри. Наградата за фер-плеј ја доби Фудбалската федерација на Авганистан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top