Комисијата за верификација на факти на денешната седница лустрираше уште седум лица кои му ги прекршувале човековите права и слободи од идеолошко-политички причини на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто.
Портпаролот на комисијата, Димитровски информира и дека Управниот суд пред новогодишните празници потврдил уште шест одлуки на лустрациска, меѓу кои и на писателот Милован Стефановски кој под псевдонимот „Превер“ соработувал со тајната полиција давајќи информации за лица од културата. Од начинот на кој работат Управниот и Уставниот суд е незадоволен лустраторот Дамјановски. Тој побара тие поефикасно и побрзо да ги носат одлуките.
Инаку, ова беше претпоследна седница на Комисијата во овој состав. Во среда парламентарната комисија за избори и именувања ќе решава кој ќе бидат новите лустратори. На конкурсот се пријавиле 24 кандидати а меѓу нив се и сите актуелни членови на Комсијата за лустрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


