| четврток, 6 декември 2018 |

Супермаркетите во Словенија вишокот храна ја даваат на сиромашните

Три трговски синџири во Словенија ја прифатија иницијативата храната која поради строгите санитарни прописи би завршила во контејнер за отпадоци, но сѐ уште е употреблива за исхрана, да ја наменат за бездомниците и
за сиромашните семејства, јави Танјуг.

На иницијативата на „Лајонс клубот“ од Цељлје ѝ се приклучија трговските синџири „Меркатор“, „Туш“ и „Спар“, кои ќе ја даваат храната на активисти, кои потоа ќе ја делат на оние што не можат да ја купат во Целје, Марибор и Трбовлје.

Програмата „Вишоци храна“ наскоро ќе се прошири и на Копар, Љубљана, Ново Место и Крањ, пишува љубљабнскиот весник „Дело“.

Станува збор за храна на која тој ден ѝ истекува рокот на употреба – леб, печено месо, салати, овошје и зеленчук, сендвичи, млеко и млечни производи, а се доставува на местата за бездомници, сигурни куќи и други хуманитарни установи, како и на сиромашните семејства со повеќе деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top